Видео: Избегната голема трагедија - соиграчите му го спасија животот на фудбалерот
Некогашниот лидер на одбраната на Ливерпул, Мартин Шкрил, доби удар со топка во глава и се онесвести на теренот, а соиграчите веднаш пријдоа да му помогнат да не си го голтне јазикот и да се загуши.
Неговата репрезентација Словачка играше против Тајланд, а Шкртел при обид да блокира центаршут во 28 минута од натпреварот, заработи удар во глава од Чанатип.
Прв му пријде соиграчот од репрезентацијата Ондреј Дуда.
Дуда му го извади јазикот од уста на Шкртел, а набргу на терен истрчаа и докторите од медицинскиот тим на репрезентацијата на Словачка.
Потоа Шкртел успеа да си дојде при себе и да се врати во игра, но 15 минути пред крајот на средбата се чини дека не можеше повеќе да издржи и излезе од теренот.
Словачка го доби тој натпревар со 3:2, а головите ги постигнаа Дуда во 10, Мак во 24 и Пацинда во 67 минута од натпреварот за Словаците, додека Кевпром и Хемвибон беа стрелци за Тајланд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа