Италија во шок: Ненадејно почина капитенот на Фиорентина

 

Фудбалерот на Фиорентина, Давиде Астори починал утринава во хотел во Удине, објавуваат италијанските медиуми.

Капитенот на „виолетовите“ починал во сон. Тој не се разбудил утринава во хотелот во Удине во кој престојува целиот тим, во пресрет на натпреварот против Удинезе во Серија А.

Дуелот кој требаше да се игра од 15 часот многу веројатно ќе биде одложен. Астори имаше само 31 година. Првите фудбалски чекори ги направи во Милан, а потоа играше и за Калјари, Кремонезе и Рома.

Од 2015 година беше дел од Фиорентина.

 

 

 

04.03.2018 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега