Малку претераа со страстите: Канадскиот пар беше премногу интимен па доби опомена од судиите (видео)
Судејќи по танцот кој го изведе оваа двојка „жешка“ беше атмосферата на натпреварувањето во уметничко лизгање во Пјонгчанг, откако Канаѓаните Скот Муар и Теса Виртју изведоа фантастичен танц со кој изнудија и бројни воздишки кај дел од присутните во салата.
Тие дури беа и предупредени од судиите за дел од танцот, кога главата на Скот се најде меѓу нозете на Теса, но не отстапија од својот стил и добија максимални десет бода за оваа изведба.
„Сакавме да воведеме нешто поинакво. Го добивме она што го посакувавме, внесовме доза на сексуалност и современ поглед на животот. Мисијата е успешна“ – задоволно изјави Теса Виртју по овој настап.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа