Невреме во Пјонгчанг: Силниот ветар го одложи женскиот велеслалом

 

Велеслалом кај жените на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг што требаше да се вози ноќеска е одложен поради силен ветар.

Првиот старт беше закажан во 2 часот и 15 минути по македонско време, но условите не дозволуваа нормалното одржување на трката.

Ако дозволат временските услови велеслаломот ќе се вози на 15 февруари.

Ова е второ натпреварување од алпско скијање што е одложено поради неповолни временски услови.

Претходно истото се случи и со машкиот спуст.

Новиот термин за најбрзата алпска дисциплина кај мажите исто така е четврток (15 февруари), па поради тоа и машкиот супервелеслалом е поместен за еден ден и тој е предвиден за 16 февруари.

 

 

 

12.02.2018 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега