Нејмар за само еден пост на социјалните мрежи заработува вртоглава сума на пари

 

Нејмар минатото лето Барселона ја замени со ПСЖ и за возврат доби огромна плата од 37 милиони евра годишно. Меѓутоа неговите примања од клубот изгледаат како „џепарац“ во однос на она што може да го заработи преку друштвените мрежи.

Новата анализа на потенцијалот на Нејмар за заработување преку спонзорски договори покажа дека Бразилецот е вистинска машина за правање на пари.

Нејмар минатото лето Барселона ја замени со ПСЖ и за возврат доби огромна плата од 37 милиони евра годишно. Меѓутоа неговите примања од клубот изгледаат како „џепарац“ во однос на она што може да го заработи преку друштвените мрежи.

„Марка“ направи анализа и пренесува дека од секоја објава на друштвените мрежи, без разлика да се работи за Твитер, Инстаграм или некоја друга платформа тој може да заработи и до 459.000 евра.

Секако парите ги заработува само од објавите во кои на различни начини ги промовира своите спонзори и нивните производи.

Најновиот пример за работни активности на друштвените мрежи Нејмар го имаше за „Најк“ каде што ги промовираше новите копачки.

Доколку ја земеме во предвид содржината која Нејмар ја објавуваше во текот на јануари тогаш може да се пресмета дека вкупната вредност на неговите објави изнесувала околу 34 милиони евра.

Се работи за износ кој брендовите го вложиле за рекламирање на своите производи“, порача Кристијан Оливерс кој е комерцијален директор на „Blinkfire“.

Вредноста на објавите на Нејмар во иднина може само да расте со оглед на бројнот на неговите следбеници на друштвените мрежи.

Нејмар на Инстаграм го следат околу 89 милиони, на Фејсбук околу 60, а на Твитер 37.6 милиони луѓе.

 

 

 

08.02.2018 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега