Пике поради повреда ќе паузира подолго време
Одбранбениот фудбалер на Барселона Жерар Пике на вчерашниот натпревар против Еспањол го повреди коленото и можно е да биде надвор од терените подолго време.
Шпанскиот „АС“ објави дека Пике може да паузира еден месец, но прво ќе се почекаат деталните лекарски прегледи, а потоа ќе се знае точно колку ќе трае закрепнувањето.
Пике сигурно ќе пропушти во претстојниот реванш од полуфиналето на Кралскиот куп против Валенсија и дуелот од Примера со Гетафе.
Токму Пике го постигна голот на натпреварот со Еспањол на десетина минути пред крајот и спречи пораз на Барселона.
05.02.2018 - 16:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа