Барселона го продава: Заминува еден од подобрите играчи
Младиот фудбалер, Осман Дембеле добро започна, но потоа се повреди, а сигурно дека нема да прифати да седи на клупата, доколку на лето пристигна Гризман.
Дембеле пристигна од Дортмунд за околу 140 милиони со бонуси и во тој момент тоа беше вториот најголем трансфер во светот.
Меѓутоа, тешко дека ќе успее да се наметне под водство на Валверде кој има план да ги форсира и играчите од школата на Барса, а Гризман, Суарез и Меси нема да бидат неприкосновени.
Поради оваа причина, Барса со цел да ги намали трошоците, но и да добие пари за нови трансфери би можела да го продаде Дебмеле за само година дена. Англиските клубови би платиле добра сума за поранешниот играч на Рен, пишува „Don Balon“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа