Ѓоковиќ на прегледи во Прага одлучува дали ќе ја продолжи кариерата
Некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште не е потполно заздравен од повредата на лактот. Денеска замина за Прага каде ќе изврши прегледи, но и ќе донесе една мошне важна одлука.
Станува збор за продолжението на кариерата, прашање за кое се интересираат милиони негови фанови од целиот свет. Тој веќе беше на прегледи ка истиот доктор, а сега ќе се консултира далие неопходна операција или не мора да оди под нож.
Пред неколку дена се појавија информација дека е можно тој да не игра на Мастерсот во Индијан Велс во март, но исто така е можно повеќе да не се појави на терените оваа година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа