Големо засилување пристигнува за „Фалангата“ во Загреб - вечерва „експлозија" во Арената

 

Македонската репрезентација дефинитивно ќе има уште поголема поддршка на трибините на вечерашната средба против Црна Гора. Ракометна треска владее во нашата земја, кон Загреб утринава се упатиле најмалку пет автобуси, пишува порталот Спортмедиа.

Но, ова не е единствената поддршка која доаѓа од Македонија, дел од фановите ќе дојдат со автомобили, а да не заборавиме дека против Словенците имаше околу 3.000 навивачи. Победата на стартот на Европското првенство го продолжи престојот на дел од Македонците кои планираа во Загреб да останат само за време на викендот.

 

 

 

15.01.2018 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега