Манасков: Во првото полувреме бев во грч
По натпреварот против Словенија своите импресии ги кажа и Дејан Манасков, кој по катастрофалното прво полувреме, каде што промаши неколку зицери, во второто беше можеби и најдобриот наш играч.
-Секогаш е тешко да се играат овие први натпревари, секогаш сме под притисок, притисокот беше голем. Знаеме каква традиција имаме против Словенија, се мачиме секогаш, тешко ни оди. Јас бев во тој грч, првото полувреме не бев доволно консолидиран и успеав да се сконцентрирам, за во второто полувреме да дадам се од себе и да и помогнам на екипата колку што можев да ја оствариме оваа голема победа, изјави Манасков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа