24 Сата: Ништо од европското првенство во ракомет во Загреб?
Виси европското ракометно првенство во Хрватска. Арената во загреб каде Македонија треба да ги игра натпреварите се затвора, а сопственикот, холдинг од Загреб, бара да му бидат платени долговите кои хрватската Влада и градот Загреб ги должеле за претходно организирани настани., пишува хрватски 24сата.
„Поучени од претходни искуства, кога по светското првенство во ракомет ни останаа должни 1,4 милиони куни (Нешто помалку од 190.000 евра) кои никогаш не ги платија, се одлучивме на овој потег. Ако не добиеме заверен извештај за уплата, салата нема да се користи“ – велаи Игор Опенхајм, претседател на компанијата Ингра која ја изградила и стопанисува со салата.
Дописот утрово стигнал до Ракометната федерација на Хрватска а од таму велат дека тоа не е нивна одговорност
Во салата во Загреб своите натпревари според распоредот треба да ги игра Македонија, заедно со Германија, Црна Гора и Словенија.
Според информациите кои ги објавуваат хрватските медиуми, влезниците за натпреварите се распродадени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа