Избрани се најуспешните спортисти во Скопје за 2017 година

 

Стојанче Стоилов од ракометниот клуб Вардар е прогласен за најуспешен спортист на Град Скопје за 2017 година во сениорска категорија.

Традиционално како и секоја година според одлуката на градската Комисија за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, најуспешен тренер за оваа година е стратегот на РК Вардар Раул Гонзалес, најуспешна спортска екипа е РК Вардар, а најуспешен странец кој настапува во скопска екипа е голманот на РК Вардар Арпад Штербик.

Каратистот Петар Заборски е прогласен за најдобар спортист во младинска категоирија, додека најталентиран млад спортсит е Аид Салихи од боречкиот клуб Тефејуз. Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби е Андреј Стојановски од пливачлкиот клуб Бета, а веднаш зад него е неговиот колега Флоренс Герет со освоено прво место во дисциплина 50 метри грбно на европското првенство за лица со Даунов синдром одржано во Париз.

Комисијата за избор на најуспешните во областа на спортот за 2017 на Град Скопје додели 21 награда. Десет беа доделени за најуспешните во сениорска категорија, пет за науспешните во младинска категорија, по еден за најталентиран младинец, тренер, спортска екипа и странец и двајца најуспешни спортисти во категорија на лица со посебни потреби.

 

 

 

25.12.2017 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега