Познати термините за четвртфиналните дуели меѓу Вардар и Шкендија од Куп Македонија

 

Првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Македонија меѓу големите ривали Вардар и Шкендија ќе се одигра на 21 февруари во Скопје, додека реваншот ќе се игра во Тетово на 7 март.

Победникот од двомечот ќе биде последниот полуфиналист во ова натпреварување откако претходно се пласираа академија Пандев, Ренова и бранителот на трофејот Пелистер.

Дуелите меѓу Вардар и Шкендија ќе се играат во пролетниот дел од сезоната од причина што екипата на Вардар поради обврските во Лига Европа не беше во можност поради поклопување на термини да игра натпревари и од Купот на Македонија.

 

 

 

20.12.2017 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега