Драма на мечот Реал- Валенсија : Кошаркар заврши со пукнат нос

 

Лука Дончич до сега во своите настапи покажа перфекција со своите потези и игра кои се својствени на најголемите мајстори во кошарката, но исто така покажува и дека умее да подвикне, опасно да се изнервира и дивее.

Дончич го одбележи првото полувреме на утакмицата Реал-Валенсија со помалку игра, а повеќе со агресивни потези врз противничките играчи (ненамерни) и карање со судиите.

Најпрво, Лука во еден контра напад жестоко налета на пртивничкито играч и му го разби носот. Но тоа беше само само почеток на „лудилото“ од страна на тинејџерот кое се случи малку покасно во втората четвртина.

Дончич го фаулираше Дорнкамп во напад, притоа го „патосираше“, а судиите му досудија прекршок.

Словенскиот кошаркар не се помири со таквата пресуда од страна на судиите, па за брзо, поради приговор заработи и исклучување и беше испратен во соблекувалната пред време.

Но, тоа не беше крај на неговиот бес.

Само што влезе во тунелот, се предомисли и се врати на терен да се дообјасни со судиите, а потоа, откако и тоа заврши, гестикулираше со рацете, за да на крајот од целата сцена разбесне и со нога почна да го шутира инпровизираниот ѕид на тунелот.

Погледнете го младиот кошаркар на Реал во издание како никогаш досега:

 

 

 

20.12.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега