Антиќ спектаккуларно пречекан од Фенербахче: „Пазете на брадата се врати тато Перо“

 

Најдобриот македонски кошаркар, Перо Антиќ, се врати во Турција како кошаркар на Црвена Звезда, но и покрај тоа навивачите на Фенербахче му оддадоа почести пред меѓусебниот натпревар во Евролигата.

Македонецот доби скандирања од трибините, а потоа, во „Синан Ердем Дом“ се појави и банер на кој стоеше - „Пазете си ја брадата, се врати Перо Баба (тато Перо н.з)!“. Крилниот центар како миленик на навивачите на турскиот тим учествуваше во освојувањето на евролигашката круна во минатата сезона.

Пред мечот, Антиќ имаше и пријателски поздрав со Џиџи Датоме, италијанскиот репрезентативец и негов добар пријател од деновите минати во Турција.

 

 

 

19.12.2017 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега