Еден од најдобрите фудбалери во историјата заминува од спортот: Роналдињо влегува во политиката
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдињо, ќе се бори да влезе во Сенатот во Бразил, следната година.
Тој ќе биде дел од партијата „Патриота“ и ќе ја претставува државата Минас Гераис. Сепак неговата кандидатура не е сигурна и ќе зависи од победата на лидерот на партијата, Жаир Болсонаро во претседателската трка.
Болсонаро се смета за контроверзна личност, поради своите ставови за истополовите бракови, смртната казна и воената политика, а себе си се има споредено со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Некогашниот репрезентативец на Бразил и фудбалер во Барселона и Милан, има освоено бројни трофеи и е добитник на Златната топка. Својата фудбалска кариера ја заврши во 2015-та година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа