Перо Антиќ донираше 8.000 евра за лекувањето на Гешо
Некогашниот македонски кошаркар, Стеван Гешовски Гешо, ги минува најтешките денови од својот живот, откако пред две години доживеа исхемичен мозочен удар, пишува спеијализираниот спортски портал Гол. Како последица на тоа, моментално Гешо има отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетиете, за што најдобра варијанта е лекување со матични клетки во една клиника во Москва.
Заради високата сума која му е потребна за лекување, голем број на македонски спортисти го покажаа хуман чин и донираа за Гешо, а последен во низата е најуспешниот македонски кошаркар во историјата, Перо Антиќ.
Ѕвездата на Црвена Звезда, кој воедно е и претседател на македонскиот прволигаш, Гостивар, одлучи да донира 8.000 евра, сума која што му недостасуваше на Гешо за да замине за Москва на лекување.
Претходно, „вечните“ ривали МЗТ Скопје и Работнички своето големо дерби на македонската кошарка го одиграа во чест на Гешовски, односно собраните средства од овој меч ги донираа за неговото лекување
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа