Трагедија во Белград: Навивач на „Ѕвезда“ почина за време на мечот со Келн
Навивач, од Стара Пазува, починал на натпреварот помеѓу „Црвена Ѕвезда“ и „Келн“.
Несреќниот навивач починал од срцев удар, додека неколку се повредени во тепачка.
Направено е се за да му се помогне, но сите обиди за реанимација биле неуспешни -рекле докторите.
На лекарите им било кажано дека човекот во текот на денот и пред натпреварот имал тегоби и проблеми со срцето.
На натпреварот, во тепачка биле повредени и неколку навивачи на Келн и на Црвена Ѕвезда, но сите се медицински згрижени, или префрлени на токсикологија, поради тоа што биле во алкохолизирана состојба.
07.12.2017 - 23:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа