Фудбал У-21: Македонија загуби од Србија

 

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година попладнево е поразена од соодветната селекција на Србија со 2:0.

Натпреварот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје беше решен уште во првото полувреме кога гостите два пати го погодија голот на „црвено-жолтите“.

Прво Саша Лукиќ во 22.минута погоди за водство 1:0, додека Андрија Живковиќ петнаесет минути подоцна го постави конечниот резултат.

Македонија натпреварот го заврши со 10 играчи поради исклучувањето на Константин Чешмеџиев по вториот жолт картон.

За избраниците на селекторот Благоја Милевски ова беше прв пораз во вториот натпревар од овој квалификациски циклус за Европското првенство. Србија има две победи од два натпревара во седмата група.

 

 

 

06.10.2017 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега