ФИФА ја казни Албанија поради национализам на мечот против Македонија
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) и изрече парична казна на Фудбалската федерација на Албанија, поради низа националистички и политички скандирања на албанските навивачи на мечот против Македонија.
Албанија заработи казна од 30.000 швајцарски франци како и дополнителна опомена поради албанскиот национализам, политичките скандирања и палењето на пиротехника за време на гостувањето во Струмица против Македонија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 година во Русија, кој заврши без победник 1:1.
Во Струмица имаше околу 300 навивачи на Албанија, кои речиси во текот на целиот меч неспортски и недолично се однесуваа, со бројни националистички скандирања, од типот „Илирида“, „УЧК“, „Голема Албанија“, како и со употреба на запаливи предмети, што пак предизвика доцнење на старт на полувремето.
Казна заработи и Фудбалската федерација на Македонија во висина од 5.000 швајцарски франци и опмена.
Дисциплинската комисија на ФИФА и изрече опомена и на израелската федерација за мечот во Хаифа против Македонија и тоа за фрлање тврди предмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа