Ова е цената на билетите: Вардар ги пушти во продажба картите за натпреварот против Реал Сосиедад

 

Од вчера во продажба се единечните влезници за натпреварот од Лига Европа помеѓу Вардар и Реал Сосиедад, ќе се продаваат по иста цена како и за мечот против Зенит.

Вардар го пречекува Реал Сосиедад на 19.10 со почеток од 19 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Влезници ќе се продаваат по цена од 600, 900 и 1.200 денари.

Исто така уште од сега ќе можат да се купат и влезници за домашниот натпревар против Розенборг кој ќе се игра на 7. декември.

Во тек е и замената на ваучерите за блок влезници со електронски картички со кои ќе се влегува на следните два натпревари. Замената се врши на билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје секој ден од 10 до 18 часот. Замената ќе се врши до недела (01.10). Потоа нема влегување на натпреварите со електронски ваучери.

 

 

 

 

 

26.09.2017 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега