Вардар преку Нант до втор триумф во ЛШ

 
 
Македонскиот и актуелен европски првак Вардар ја забележа и втората победа во ракометната Лига на шампиони. 
 
Во рамките од 2.коло на А групата, Вардар вечерва пред својата публика во ЦС „Јане Сандански“ го победи францускиот Нант 27-23 (полувреме 14-10) .
 
Во првата третина од мечот се играше рамноправно, односно се до 23.минута кога резултатот беше израмнет 8-8. Потоа селедуваше серија на црвено-црните од 5-1 за највисоки +5 во 29-минута (14-9), но на полувремето заминаа со 4 гола предност (14-10).
 
И во најголемиот дел од второто полувреме се играше рамноправно. Како резултат на таквата игра предноста на вардарци се движеше меѓу 2 и 4 гола. 
 
Најефикасен во редовите на Вардар беше Роџерио Фереира Мораеш со 6 гола, додека Даинас Кристопанс постигна еден помалку (5). Иван Чупиќ и Тимур Дибиров придодадоа по 4 гола, а Арпад Штербик имаше 12 успешни одбрани. 
 
Во францускиот тим тројца ракометари постигнаа по четири гола, додека капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров не успеа да се запише во листата на стрелци. 
 
На натпреварите кои беа одиграни пред овој меч, беа постигнати следниве резултати: Чеховски Медведи – Монпелје 24-28  и Елверум – Скјерн 27-32.
 
Денеска се играат уште пет дуели, а останатите шест натпревари од оваа рунда на програмата се утре, меѓу нив и натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ меѓу Металург и Бешикташ кој ќе започне од 17 часот
 

 

 

24.09.2017 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега