Џерард ќе го предводи младинскиот тим на Ливерпул во Лигата на шампионите

 

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард ќе го предводи клубот од Енфилд во Лига на шампионите за фудбалери до 19 години.

Џерард покрај улогата на тренер на генерацијата до 18 години, добива шанса и со фудбалерите кои се една година постари.

Со пласманот на првиот тим во ЛШ, и младите фудбалери добија можност д аиграат со врсниците од другите европски екипи во елитното натпреварување.

Ливерпул ќе игра во група со Спартак Москва, Севиља и Марибор.

Дебито на клупата на „црвените“ во Лигата на шампионите Џерард ќе го има следната среда против Севиља.

Џерард играше за Ливерпул од 1998 до 2015 година, постигна 710 гола во 191 натпревар, освои 10 трофеи, но не и Премиер Лигата.

 

 

 

07.09.2017 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега