Гонзалес очекува трета победа во низа
По двете победи на стартот, македонскиот шампион Вардар в петок го очекува дуел од 3.коло во регионалната СЕХА лига против белорускиот претставник Мешков Брест.
Тренерот Раул Гонзалес очекува и трета победа, но вели дека новата одбрана на противникот може да им создаде одредени проблеми.
-Ние сме на првото место и јас сум среќен поради тоа. Не очекува дуелот со Брест, екипа од која јас се плашам малку, бидејќи тие ја сменија нивната одбрана во 5-1 или 6-0. Ние немаме играно оваа сезона против 5-1, па ќе треба да се подготвиме. Одиме на победа и на овој натпревар. Нашите амбиции се повторно да играме на фајналфор, изјави Гонзалез на денешната прес-конференција.
Капитенот Стојанче Стоилов очекува уште една победа и зацврстување на врвот на табелата.
-Брест Мешков е екипа која добро ја знаеме, но направи промена на доста играчи. Се надевам дека ние ќе продолжуваме во ист ритам и само ќе се подобруваме во формата.
Натпреварот Вардар – Мешков Брест ќе се одигра в петок (8 септември) со почеток во 17 часот и 45 минути во СЦ „Јане Сандански“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа