Потврдена казната на Роналдо, на терените се враќа на 20 септември

 

На најдобриот светски фудбалер и член на Реал Мадрид Кристијано Роналдо му е потврдена казната од пет натпревари суспензија во шпанската Примера, откако Меѓународниот суд за спортска арбитража (ЦАС) ја отфрли неговата жалба.

По Фудбалскиот сојуз на Шпанија, и ЦАС ја одби жалбата за казната на Португалецот, па тој ќе мора да си ја „доработи“ суспензијата добиена за буткањето на судијата на мечот од Суперкупот со Барселона.

Роналдо го изрази своето незадоволство на неговиот профил на Твитер поради тоа што смета дека таквата одлука е неправедна.

- Неправдата никогаш нема д аме собори. Ќе се вратам посилен. Благодарам на сите за поддршката, напиша, 32-годишниот фудбалер.

Роналдо не играше на реваншот од шпанскиот Суперкуп со Барселона и во 1.коло од Примера со Ла Коруња, а ќе ги пропушти и мечевите со Валенсија, Леванте и Сосиедад. Прв натпревар на кој ќе смее да игра во новата сезона од шпанското првенство е на 20 септември против Бетис. 

 

 

 

23.08.2017 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега