ФОТО: Македонско и албанско знаме прошверцувани на „Филип Втори“
Неколку дена пред фудбалскиот Суперкуп, организаторот на овој спектакл преку медиумите ги информира сите што ќе присуствуваат на овој настан за забранетите работи кои не можат да се внесат на „Филип Втори“, меѓу кои беа и сите знамињата на сите држави освен на тие од каде што доаѓаат екипите на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед.
Но, уште пред да почне вчерашниот дуел, можеа да се забележат многумина кои успеале да прошверцуваат македонски и албански знамиња, а кои потоа фотографиите од ова кршење на забраната ги поставија на социјалните мреж. објави порталот Спорт1.
09.08.2017 - 09:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа