УЕФА со благодарност до Македонија: Бевте фантастични домаќини на Суперкупот 2017

 

Европската фудбалска куќа се заблагодари до Македонија за организацијата на европскиот Суперкуп - натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунатјед кој вечерва беше одигран на „Телеком Арена“ во Скопје.

Првите лица на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин по завршувањето на спектаклот во Скопје, упатиле благодарност до премиерот на Република Македонија - Зоран Заев и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски за одличната организација и домаќинството на европскиот Суперкуп.

 

УЕФА на социјалните мрежи упати благодарност до Скопје и Македонија за гостопримството, посебно нагласувајќи ја „фантастичната организација“ на Суперкупот.

 

„Благодариме Скопје. Фантастични домаќини на Суперкупот 2017“, порачаа од УЕФА.

 

 

 

09.08.2017 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега