Реал Мадрид со минимално водство на полувремето против Манчестер јунајтед (ВИДЕО)
Полувреме на мечот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, во рамките на европскиот Суперкуп кој се игра во Скопје.
Нашата најголема фудбалска арена во земјава, „Филип Втори“ е домаќин на гигантите Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, во нивниот меѓусебен дуел во битката за европскиот Суперкуп.
Веќе се одиграа првите 45 минути игра на мечот во Скопје, а Реал Мадрид има минимално водство од 1-0.
Манчестер јунајтед имаше мини доминација во првите 10 минути игра, за момент се почувствува отсуството на Роналдо кој мечот го почна од клупата за резервни фудбалери.
Работите во продолжение од мечот целосно се сменија, во корист на избраниците на Зидан, кои ја презедоа контролата во играта во свои раце.
Првата посериозна шанса ја имаше Касемиро во 16. минута, кој со глава биеше во пречката од голот на Манчестер јунајтед, англичаните потоа поведоа контра но во истата не се снајде Погба.
Касемиро повторно дојдедо шанса но неговиот удар минута подоцна не беше прецизен.
Истиот фудбалер беше стрелец на водечкиот гол за Кралевите, и тоа во 24. минута откако го матираше Де Геа во шанса еден на еден.
Како што беше предвидено, поради топлото време во нашата земја, во 30. минута и двете екипи добија мини пауза а тоа го искористија за консолидација како тајм-аут.
Кралевите го задржаа водството до истекот на првите 45 минути игра, додека пак Манчестер јунајтед полувремето го заврши без посериозна шанса кон голот на противникот.
Иако Зинедин Зидан индиректно најавуваше дека мечот ќе го почне со Роналдо, тој ги избра следните 11: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Крос, Бензема, Модриќ, Бејл, Марсело, Касемиро и Иско.
На спротивната страна, Жозе Мурињо стартуваше со Немања Матиќ, па се реши за овие фудбалери: Де Геа, Линделоф, Погба, Лукаку, Смолинг, Лингард, Ерера, Михтарјан, Валенсија, Матиќ и Дармиан.
И двете екипи мечот го играат во офанзивна формациска поставеност 4-3-3.
Главен арбитар на пресметката во Скопје е Италијанецот Џанлука Роки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа