ФОТО: Груевски славеше за историскиот успех заедно со фудбалерите

 

Македонија е горда на младите фудбалери! Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, првиот човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и македонските фудбалски херои кои синоќа испишаа историја на Филип Втори и ја направија Македонија горда, го прославија огромниот успех и пласманот на Европското превенство кое следната година ќе се одржи во Полска.

- Честитки за младите репрезентативци во фудбал до 21 година кои се пласираа на претстојното Европско првенство во Полска. Денеска Македонија е горда на нивниот успех кој донесе моменти на колективна радост. Покажаа на дело како се сака и придонесува за Македонија, покажаа дека трудот и посветеноста не можат, а да не донесат резултати. Тоа се вистинските херои на денешното време кои ја пишуваат историјата. Создаваат историја и ни даваат пример како да се бориме со поискусни и посилни ривали кога се работи за нашата татковина! Веруваа во себе и во Македонија и успеаа! Само напред!, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук, по што им се придружи на момците во прославата.

 

 
 
12.10.2016 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега