Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на трофејот во Шангај
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успешно се врати на теренот по паузата поради повреда. Тој на стартот на почетокот на АТП трунирот во Шангај, Кина, го совлада Фабио Фоњини во два сета со по 6:3.
Србинот на терените се врати по едномесечна пауза, а во меѓувреме го пропушти турнирот во Пекинг.
Во меѓусебните мечеви со Фоњини, Ѓоковиќ има биланс 6-0.
Во следната рунда, тој ќе се сретне со подобриот од мечот Григор Димитров (Бугарија) – Васек Посписил (Канада).
Наградниот фонд на овој турнир изнесува 5,5 милиони американски долари, а бранител на трофејот е Ѓоковиќ.
11.10.2016 - 15:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа