ФОТО: Се огласи малото момче кое ја доби ракавицата од Буфон

 

Младото момче коe што успеа да го добие најубавиот подарок од италијанската фудбалска легенда, Џанлуиџи Буфон се вика Анид Абази од Скопје.

Момчето веднаш после последниот свиреж на судијата во квалификациониoт натпревар помеѓу Македонија – Италија успеа да му побегне на обезбедувањето и да се сретне со неговиот идол Буфон кој му ја подари неговата десна ракавица.

Инаку на социјалните мрежи се појавија гласини дека на момчето му била одземена ракавицата од страна на некој од обезбедувањето во стадионот.

Но, Анид демантираше и нè осигура дека ракавицата се уште е кај него.

-Вечерва го доживеав еден од најубавите моменти во мојот живот. Бев присутен на натпреварот Македонија-Италија и со брат ми направивме план како да влеземе на теренот и да се сретнеме со легендата Џанлуиџи Буфон. Откако влегов во теренот, трчав накај Буфон и го прегрнав, а тој ми ја подари неговата ракавица, напиша малиот Анид на социјалните мрежи по натпреварот.

rakavica

 
 
11.10.2016 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега