СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА ФФМ: Само 1.000 евра казна за Шкендија

 

Шкендија помина само со 1000 евра. Скандалозна одлука на ФММ за големиот пропуст кој тетовскиот клуб го направи во првото коло од Првата лига оваа сезона, кога Шкендија настапи без ниту еден играч под 21 година, што претставува прекршување на правилото на ФФМ. Според тоа правило играч под 21 година мора да биде стартер и да одигра најмалку едно полувреме.

Единствен играч кој имаше помалку од 21 година на тој натпревар беше Шчиприм Таипи, но тој не е пријавен како македонски играч и игра со српски пасош. Бесир Демири пак една недела претходно наполни 22 години. Што е исто така скандалозно е дека тој со 22 години бил регистриран како младинец.

За очекување беше дека Шкендија најмалку со службен резултат 0:3 ќе го загуби натпреварот и ќе добие бодовна казна.

Една од главните причини што Шкендија минала со вака мала е казна е тоа што тимот  на Силекс не поднел жалба до ФФМ.

 
 
26.09.2016 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега