Школата на Вардар ќе го возобновува женскиот ракомет во Гостивар

 

Нашата регионална единица во Гостивар, ГРК Гостивар – Вардар од оваа година стартува со формирање на група на девојчиња помали од 14 години. Станува збор за новина во Гостивар, кој важи за ракометен град и каде порано постоел квалитетен женски ракомет.

ГРК Гостивар – Вардар брои околу 80 членови од кои 60 се натпреваруваат во Вардар Јуниор Лигата. Со формирањето на новата група на девојчиња од 14 години и помлади, ќе се зголеми и учеството на ракометната школа на ГРК Гостивар – Вардар во повеќе старосни генерации.

-Во Ракометната Академија сме од самиот нејзин почеток како проект. Кога од Вардар ни го произнесоа планот за овој проект веднаш се пронајдовме себе си во него како клуб. Претходно работевме со поголеми генерации, но со самиот почеток на проектот и условите за помали генерации, не доведоа до одлука дека токму овој проект е идеален за нас. Самиот град Гостивар има традиција за спорт, а посебно во делот ракомет и можеме и да се пофалиме со доста наши деца кои веќе играат во големи клубови како во нашата држава, така и надвор од неа, вели Гордана Ѓорѓеска.

ГРК Гостивар е дел од нашиот најголем ракометен проект, Вардар Јуниор лигата. Минатата година клубот настапуваше во склоп со други академии, но во новата сезона ќе настапуваат самостојно во сите старосни категории. Во генерациите 20000/01, 2002/03, 2004/05, клубот пријави учество само во машките категории, додека во генерацијата 2006/09 мини ракомет настапуваат со машка и женска екипа.

Формирањето на женска екипа ќе овозможи клубот да се вклучи и во женските натпреварувачки категории во Вардар Јуниор лигата, каде децата може пред нашите скаути и врвните тренери на Вардар да ја покажат играта и мотивираноста да се успее во ракометот.

За сите девојчиња и момчиња кои сакаат да се вклучат во нашата регионална единица ГРК Гостивар – Вардар во Гостивар тоа може да го сторат преку следниве контакти:

Тренер: Гордана Ѓорѓеска
Контакт: 072 212 388
E-mail: [email protected]

 
 
21.09.2016 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега