Милевски го објави списокот за средбите со Шкотска и со Северна Ирска
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски денеска го објави списокот на играчи за претстојните квалификациски натпревари против Шкотска на гостински терен на 2 септември и против Северна Ирска на 6 септември во Скопје.
На списокот на Благоја Милевски се наоѓаат 20 фудбалери:
голмани: Дамјан Шишковски (Работнички) и Игор Алексовски (Вардар);
одбрана: Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Дарко Велковски (Вардар), Висар Муслиу (Ренова), Алекса Амановиќ (Јавор, Србија), Мевљан Мурати (Шкендија) и Егзон Бејтулау (Шкендија);
среден ред: Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт Унгарија), Давид Бабунски (Црвена звезда, Србија), Даниел Аврамовски (Црвена звезда, Србија), Кристијан Филиповски (Силекс) и Ељиф Елмаз (Работнички);
напад: Марјан Радески (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички), Петар Петковски (Вардар), Тихомир Костадинов (Моравце, Словачка), Филип Пивковски (Ладскрона, Шведска), Бесир Демири (Шкендија).
Македонија до 21 година спроти натпреварот со Шкотска влегува на делба на второто место во групата 3. На три круга до крајот од циклусот квалификации „црвено-жолтите“ имаат два бода помалку од лидерот Франција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа