Секоја чест: Оваа девојка доби медал за хуманост на Олимписките игри
Атлетичарката која покажа дека е човек пред спортист, беше наградена за својот подвиг кој го восхити светот. Ники Хамблинг од Нов Зеланд и помогна на ривалката Аби Де Агостино откако таа падна додека трчаа заедно на трката од 5,000 метри. Наместо да продолжи да трча и да победи како што секој натпреварувач би направил, спортистката од Нов Зеланд и помогна на ривалката да стане, па ја продолжи трката.
Од управата на Олимписките игри одлучија да ја наградат оваа хумана девојка која покажа човечност за нејзиното дело.
- Оваа награда за мене е нешто најпрекрасно, изјави таа.
22.08.2016 - 09:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа