ВИДЕО: Болт незапирлив - трето олимписко злато на 200 метри

 

Најбрзиот човек на светот  го одбрани олимпикското злато на 200 метри. Атлетичарот од Јамајка го повтори успехот кој претходно го направи и на 100 метри, па трет пат во низа е носител на олимпиското злато во трката на 200 метри.

Болт до златото стигна со време 19.78 секунди, донека сите останити атлетичари трчаа над 20 секунди.

Освојувачот на среброто Канаѓанецот Андре Де Грас истрча резултат 20.02, додека Кристов Ламетр од Франција до бронзата стигна во време од 20.12 секунди.

За Болт ова е вкупно осмо злато од Олимписките игри, а ќе има можност и за девето доколку во штафентната трка на 4х100 метри Јамајка триумфира, тогаш Болт ќе се израмни со Американецот Карл Луис и Финецот Паво Нурнмијем како атлетичари кои освоиле по девет олимписки злата.

 
 
19.08.2016 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега