ВИДЕО: Бесплатно лизгање во Градски парк!
Ладното време и минусните температури некои скопјани ги искористија да се пролизгаат на замрзнатите езерца низ градскиот парк. Видеото кое беше снимено ова утро го покажува токму тоа. Група од деца се лизгаат на заледеното езерце кај арената Филип Втори во центарот на паркот. Иако навидум изгледа интересно и возбудливо, сепак оваа слика односно потег не е безбеден за децата, ниту пак за сите нас кои посакуваме да го сториме сосема истото. Како и да е не е препорачливо да се лизгаме на заледеното езерце кое како и останатите низ Градскиот парк целосно се заледија од минусните температури кои ги имавме деновиве во метрополата и низ државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа