Прв до врв - стартува пријавувањето

 

Масовното искачување до врвот на Водно со планинарење и  планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Пријавувањето за овогодинешниот настан „Прв до врв“ почнува утре. Трката се одржува на Водно по четврти пат и ќе учествуваат неколку илјади спортисти и рекреативци.

Пријавувањето почнува со промотивен викенд и симболична цена од 120 денари за најбрзите 100 пријавени учесници, по што цената за пријавување ќе биде 180 денари и ќе важи до 29 февруари, па 240 денари од 1 март до 30 април и 300 денари од први до 21 мај. Секој учесник добива стартен број, официјална маичка за 2016 година, освежување за време на трката, а победниците ќе бидат наградени.

Ќе бидат избрани победниците во машка и женска конкуренција, како и најбрзите семејства, тимови, деца до 14 години и возрасни учесници над 40 години.

Натпреварувачите можат да се пријават на веб страницата: www.prvdovrv.mk

 
 
22.01.2016 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега