Неделата почна крваво: 11 повредени во Скопје
Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.
На 18 јануари, понеделник, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца сопатници и еден пешак.
Вчера, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден пешак.
Во текот изминативе два дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Осум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и осум возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 56 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска со почеток во 11 часот Националното здружение на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ ќе одржи мирен протест пред Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа