Сообраќајот ќе се поремети: Каде нема да се вози?
Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре привремено ќе биде затворен сообраќајот во центарот на Скопје поради чествување на празникот Богојавление - Водици и спуштање на Светиот крст во Вардар.
Во периодот од 11 часот до завршување на манифестацијата ќе биде затворена за сообраќај улицата „Филип Втори Македонски“, на потегот од булеварот „11 Октомври“ до булевар „Гоце Делчев“, како и кеј „Димитар Влахов“ и кеј „13 Ноември“ во делот на мостот „Слобода“.
СВР-Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим.
18.01.2016 - 17:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа