Шопинг лудило во Скопје Сити Мол: Најпосакуваните парчиња на половина цена
Празничната еуфорија и новогодишното расположение полека ги оставаме зад нас и се враќаме во своето секојдневие. Сепак, иако првиот месец од новата година во голема мера се разликува од декември, сепак светот едвај ги чека јануарските попусти кои знаат навистина убаво да изненадат. Ова особено важи за оние кои не успеале да си купат нешто во последните денови од минатата година бидејќи немале време, не сакале да пазаруваат во еуфоричната гужва или пак едноставно не го добиле подарокот кој го посакувале.
Токму поради тоа Skopje City Mall организира Last Minute Sales, шопинг кампања која трае во текот на целиот месец во која повеќето продавници во нашиот најголем мол нудат попусти. Доколку прошетате низ продавниците можете да ги најдете посакуваните парчиња облека на половина цена, накит и ацесорис по намалени цени, како и бела техника на попуст.
Шопинг манијата која нè зафати кон крајот на 2015-та продолжува и во новата година, а гужвите и убавата атмосфера на кои се навикнавме продолжуваат и во јануари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа