Страшна сообраќајка на булеварот Борис Трајковски: Повредени 16 лица во Скопје
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 23 сообраќајни незгоди.
На 8 јануари, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 30 минути по полноќ на ул. „Борис Трајковски“, пред ОХИС. Во несреќата учествувале две патнички моторни возила „мерцедес“ и „пежо 106“, со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници. Тие со возила на Брза помош биле пренесени во Ургентниот центар каде кај еден сопатник биле констатирани тешки телесни повреди, а кај двајцата возачи и еден сопатник телесни повреди.
На 9 јануари, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца сопатници.
Вчера, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Во сообраќајките со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден велосипедист.
Во текот изминативе три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 110 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Триесет и тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, девет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, како и 19 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото. Санкционирани се и девет пешаци кои поминале вон пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 44 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска со почеток во 12 часот Националното здружение на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ ќе одржат мирен протест пред Владата на Република Македонија. Место на собирање на учесниците ќе биде на паркинг просторот кај СЦ „Борис Трајковски“ од каде ќе започнат да се движат по бул. „Илинден“ па се до зградата на Владата. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа