Симболично сечење на бадниковото гранче на Водно

 

Во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, денеска, во рамки на претстојната бадникова прослава, традиционално ќе се одржи средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2016 Илија Малинковски и Драган Мијалковски, што 24-ти пат ја организира граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

Средбата е точно напладне, кога ќе почне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат Малинковски и Мијалковски, а потоа и минатогодишните Кум и Здравичар, Сашо Џиковски и Благоја Анчевски, градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости,…

Скопјани ќе бидат информирани дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6-ти јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски.

Предвидено е и дружење со песна и игра, пржена риба, пиво, вино и сок.

 
 
27.12.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега