Претседателот на ФС на Ерменија: Фудбалерите го продадоа натпреварот со Албанија
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Ерменија, Рубен Хајрапетјан ја потресе фудбалската јавност со изјавата за неговите фудбалери нарекувајќи ги „предавници“. Изјавата се однесува и на Албанија, јави албанската агенција „Балкан веб“.
На прес конференција првиот човек на ерменскиот фудбалски сојуз изјавил дека навивачите со право се незадоволни од ерменската национална фудбалска репрезентација. Според него, дел од играчите го продале натпреварот со Албанија одигран на 11 октомври во рамките на квалификациите за ЕП.
- Фудбалскиот сојуз и нашата национална репрезентација се сопственост на сите и нормално е да се незадоволни и разочарани. Посакувам што побрзо да ја надминеме таа криза, бидејќи разбирам дека лагата е голема. На натпреварот против Албанија се случи предавство и јас во тек сум на откривање на предавниците. На тој натпревар и најдобриот тренер во светот да ја предводеше нашата екипа, нема да имаше друг резултат, изјавил Хајрапетјан.
Албанија го доби тој меч со 3:0 и обезбеди пласман на Европското првенство 2016.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа