ФОТО: Страотна сообраќајка пред Скопје - три лица на Ургентен

 

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која утринава околу 9:15 часот се случила на автопатот Петровец-Скопје. 

Од СВР Скопје за Курир велат во несреќата учествувале „Ланд Ровер“ во тетовски регистерки таблички, товарно возило „Цитроен“ со штипски ознаки и автомобил „Фиат“ со скопски таблички.

Трите повредени лица се итно пренесени во Ургентен центар и засега нема информации за нивната здравствена состојба и карактерот на повредите.

Полициски екипи во моментов вршат увид, по што ќе бидат познати причините за несреќата. Сообраќајот се пренасочува.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега