Опожарено и изгаснатао возило во Ѓорче Петров

 

Вработените во општина Ѓорче Петров изгасија опожарено возило „Форд ескорд“ паркирано во непосредна близина на општинската зграда.

Како што информираат од општина Ѓорче Петров денеска околу 12 часот се запалил автомобил со скопски регистарски ознаки, пришто пред да дојдат противпожарните возила, вработените во општината се обиделе да го изгаснат возилото. 

По брзата интервенција на  пожарникарите, пламенот кој се проширил на поголем дел од возилото, бил изгаснат. 

Причините за запалување на возилото не се познати.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега