Катче за најмалите: Игралиште за деца со посебни потреби во Кисела Вода
Во рамки на одележување на патронатот на општина Кисела Вода, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска ќе го отворат новоизграденото игралиште за деца со посебни потреби во населба Кисела Вода.
Игралиштето е лоцирано во близина на крстосницата помеѓу улицата „Михаил Чаков” и булеварот „Борис Трајковски”. По неговото отворање ќе се одржи цветно дефиле на дечињата од основните училишта, предводено од градскиот пајтон и вовче, кое ќе почне пред ООУ „Кирил Пејчиновиќ", од улицата „Народни херои“ до крстосницата со булеварот „Борис Трајковски“.
Манифестацијата ќе заврши со културно-уметничка програма во паркот „Шопен” на учесниците во дефилето.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа