Прегазени двајца пешаци - што се случувало на скопските улици?

 

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, во две со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци, во шест полесно повредени се тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и двајца велосипедисти, а три се само со материјална штета.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на одбележан пешачки премин, како и четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега