Страшна железничка несреќа во Скопје - загина младо момче
Во текот на викендот на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 24 сообраќајни незгоди.
Во петокот се случиле девет сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден сопатник, еден возач на мопед и еден возач на мотоцикл.
Во саботатаизвршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден возач на мопед, додека во текот на вчерашниот ден се случиле седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.
Се случила и една железничка незгода со загинато лице во 22 часот и 37 минути на железничката пруга Скопје – Куманово во населбата Автокоманда на околу 50 метри од влезниот сигнал на железничката станица Скопје. Во незгодата учествувале воз и пешак, роден 1992 година. Од незгодата пешакот на лице место им подлегнал на повредите.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 48 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 22 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 42 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 47 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 35 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, како и шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 91 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на акцијата „Недела за поголема безбедност на пешаците“ денеска ќе се одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа