Нови спортски игралишта и урбана опрема во општина Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, денеска во паркот Ченто одржа прес конференција на која зборуваше за активности кои започнуваат овој период.
Ќе се започне со реконструкција на оштетената урбана опрема (клупи и канти за отпадоци), а онаму каде што е потребно ќе се поставува нова.
На територија на општината има 55 детски и спортски игралишта, онаму каде што е потребно ќе се направи нивна реконструкција, а во зависност од потребите и барањето на граѓаните, ќе се изградат нови.
За овие активности општината издвои околу 8 милиони денари.
Општината заедно со Јавното комунално претпријатие Гази Баба ги уредуваат и одржуваат парковите и парковски зеленила на подрачјето на општина Гази Баба. За овие активности се ангажирани 40 лица, кои се распоредени во пет пункта, а активностите ги обавуваат во сите населени места.
За ангажираните работници, општината оваа година издрвои средства од околу 5 милиони денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа